24фудбал

Откако го обезбеди потписот на Меси, Интер Мајами тргнува и по Ди Марија

Интер Мајами сака да направи тим кој ќе доминира во МЛС, нивна следна мета е Анхел Ди Марија кој е слободен играч.

Останато

Ди Марија нема да го продолжи договорот со Јувентус, тој ќе се пресели во нов клуб како слободен играч.

Се верува дека Европа е негов приоритет, Бенфика притиска за негово враќање, но Интер Мајами ќе се обиде да го разубеди.

Нивниот адут е никој друг туку Лео Меси, Мајами ќе се обиде да го искористи неговото доаѓање, за да привлече уште неколку ѕвезди кои биле блиски до него.

Покрај Ди Марија, Интер Мајами се обидува да го ангажира и Серхио Бускетс.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.