24фудбал

Барселона: Меси одлучи да оди во Мајами и покрај тоа што имаше понуда од Барса!

Барселона излезе со соопштение во кое му посака среќа на Лео Меси, но потврди дека тие му доставиле понуда на него, Аргентинецот сепак одлучил да оди во Интер Мајами.

Шпанија

Во вечерашното интервју Меси изрази сомнеж дека Барселона направила сѐ за да го ангажира. Аргентинецот кажа дека имал понуда од каталонскиот клуб, но таа не била официјална.

Веднаш по интервјуто на Меси, со соопштение се огласи Барселона, која меѓудругото информираше и дека сака да организира настан на кој ќе му се оддаде посебна почит на Аргентинецот.

„Во понеделник на 5 јуни, Жорге Меси, таткото на фудбалерот и претставник, го информираше претседателот на клубот, Жоан Лапорта за одлуката на играчот да оди во Интер Мајами и покрај тоа што му беше презентирана понуда од Барселона, со оглед на желбата и на Барселона и на Лионел, Меси уште еднаш да го облече дресот на блауграна“, се вели во соопштението.

„Претседателот Лапорта ја сфаќа и ја почитува одлуката на Меси да сака да се натпреварува во лига каде што се помали барањата, далеку од вниманието и притисокот на кој беше изложен во изминатите години“.

„Жоан Лапорта и Жорге Меси се согласија заедно да работат на промоција на посебен настан на кој фановите на Барселона ќе можат да му изразат почит на фудбалерот кој бил и секогаш ќе биде сакан од Барселона“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.