24фудбал

Меси го потврди трансферот во Мајами и објасни зошто не се врати во Барса!

Лео Меси вечерва во интервју потврди дека се сели во САД, ќе го носи дресот на Интер Мајами, Аргентинецот објасни и зошто не се врати во Барселона.

Шпанија

Лео Меси одлучи да ја одбие богатата понуда од Саудиска Арабија, не се врати ниту во Барселона, одлучи негов нов клуб да биде Интер Мајами.

„Не се враќам во Барселона, одам во Интер Мајами, одлуката е 100 проценти донесена“, потврди Меси.

„Сакав да се вратам во Барселона, бев многу возбуден за евентуално враќање, но после тоа што го искусив, по искуството со начинот на кој си заминав, не сакав повторно да поминувам низ иста ситуација, да чекам да видам што ќе се случи и да ја оставам мојата иднина во рацете на другите“.

„Иако слушнав дека Ла Лига прифатила се и дека можам да се вратам, имаше уште многу други работи кои требаше да бидат средени. Слушнав дека Барселона треба да продава играчи или да намалува плати, вистината е дека не сакав да минувам низ тоа“.

„Имав и други понуди од Европа. Но единствениот тим каде што сакав да одам беше Барселона“.

„Доколку беа парите во прашање, ќе одев во Саудиска Арабија. Тоа беа многу пари. Вистината е дека мојата конечна одлука не е поради пари“.

„Би сакал еден ден да можам да се вратам во Барселона, не знам како што, но тоа е клубот кој го сакам“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.