24фудбал

Катарците доставиле нова понуда за купување на Манчестер јунајтед и ултиматум до семејството Глејзер

Медиумите од Англија пренесуваат дека Шеикот Јасим бин Хамад бин Калифа Ал Тани доставил и петта понуда за купување на Манчестер јунајтед но и ултиматум до семејството Глејзер, бара одговор до петок.

Англија

Катарците се закануваат дека ќе се повлечат од наддавањетo за Манчестер јунајтед, голем број извори пренесуваат дека e испратен ултиматум до семејството Глејзер.

Шеикот Јасим бин Хамад бин Калифа Ал Тани доставил петта понуда за 100% од сопственоста но нема да чека многу и бара одговор до петок.

Детали од последниот предлог не се откриваат, се верува дека тој е вреден над 5 милијарди фунти, но нешто помалку од сумата од 6 милијарди фунти која ја бара семејството Глејзер.

Неговиот конкурент, Сер Џим Ретклиф пак има поинаков план за превземање на Манчестер јунајтед и предлага да купи мнозински пакет, а браќата Аврам и Џоел Глејзер да задржат дел од сопственоста.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.