24фудбал

Малдини ќе требал да прави чуда на трансфер пазарот, Милан му обезбедил смешен трансфер буџет од 35 милиони евра

На денови пред да добие отказ, Паоли Малдини бил известен дека Милан ќе има прилично низок трансфер буџет и за засилувања на располагање ќе има само 35 милиони евра.

Италија

Паоло Малдини во понеделникот доби отказ по краток и тензичен состанок со сопственикот Гери Кардинале. 

Легендата на „росонерите“ вршеше одлична работа на трансфер пазарот и убедувањето на фудбалерите да стават потпис на нов договор, одигра клучна улога во враќањето на Милан на врвот па навивачите и добар дел од играчите се изненадени и разочарани што тој заминува.

Како што пренесува Ла Република, Паоло Малдини минатата недела имал средба со генералниот извршен директор Џорџо Фурлани и бил известен дека ќе треба да работи со смешен трансфер буџет од 35 милиони евра, плус парите кои ќе бидат добиени од продажба на играчи.

Се верува дека на средбата со Гери Кариднале неколку дена подоцна, Паоло Малдини притискал за поголеми средства но не добил позитивен одговор.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.