24фудбал

Клаузула во договорот му спаси богатство на Ливерпул, „црвените“ евтино пројдоа со Мекалистер

Алексис Мекалистер е пред промоција како ново засилување на Ливерпул, новинарот Фабрицио Романо вели дека трансферот е многу поевтин од првичните најави и за услугите на Аргентинецот ќе бидат платени околу 35 милиони фунти.

Англија

Јирген Клоп наскоро ќе го одбие првото засилување за новата сезона, се потпишуваат последните документи за трансфер на Алексис Мекалистер од Брајтон.

Зделката подолго време се најавуваше, и во прв момент се говореше дека Аргентинецот може да го чини Ливерпул и до 70 милиони фунти.

Но како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, клаузула во договорот им спасила богатство на „црвените“ и тие всушност ќе платат двојно помалку односно околу 35 милиони фунти.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.