24фудбал

Масара би можел да се врати во Рома

Фредерик Рики Масара кој си замина од Милан откако Паоло Малдини доби отказ, би можел да стане нов спортски директор на Рома каде работеше и во минатото.

Англија

Иако имаа голема улога во успесите на Милан, сопственикот на росонерите, Гери Кардинале одлучи да се ослободи од Малдини и Масара.

54-годишниот Масара би можел да се врати во Рома, иако има интерес и од Јувентус. Сепак прва опција за старата дама е Кристијано Џинтоли од Наполи.

Според „Калчомеркато“, Масара во наредните недели би можел да се врати во Рома каде рабоеше осум години во периодот од 2011 до 2019 година.

Тоа би се случило доколку сегашниот директор Тијаго Пинто замине во Тотнем од каде што има интерес. Пинто во Тотнем би пристигнал на местото на Фабио Паратичи кој си замина.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.