24фудбал

Брајтон нуди рекордна сума за фудбалер кој нема одиграно ниту една минута за Челси

Брајтон не се откажува од намерата да го ангажира талентираниот Леви Колвил, „галебите“ се подготвени да платат 40 милиони фунти и да го направат дефанзивецот нивно рекордно засилување.

Англија

20 годишниот Леви Колвил оваа сезона го носеше дресот на Брајтон како позајмен од Челси, одигра на 17 натпревари во Премиерлигата и го импресионираше раководството на „галебите“, кое сега прави се за да го задржи.

Брајтон веќе понуди 30 милиони фунти за перманентен трансфер, предлог кој беше одбиен од Челси. Но клубот од „Амекс“ стадионот не се откажува и како што пренесува Дејли Мејл, ќе биде испратена и понуда вредна 40 милиони фунти.

Со вакви бројки, Леви Колвил може да стане рекордно засилување на Брајтон.

Леви Колвил потекнува од школата на Челси, но нема одиграно ниту една минута за првиот тим. Се верува дека новиот тренер на „сините“, Маурисио Покетино го има дефанзивецот во својот список и сака да му даде шанса да се наметне во првиот тим.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.