24фудбал

Серхио Рамос го притиска Кејн да потпише за Реал Мадрид!

Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос вели Хари Кејн не треба да ја одбие шансата да заигра за кралскиот клуб бидејќи не секој добива таква можност.

Англија

По заминувањето на Бензема, Реал Мадрид се пушти во офанзива по Хари Кејн, информациите велат дека тие подготвиле понуда од 80 милиони евра за напаѓачот на Тотнем иако тој има само уште една сезона од актуелниот договор.

Во изјава за „Мирор“, Серхио Рамос го советува Кејн да ја искористи шансата која му се укажува и да потпише за Реал Мадрид.

„Мојот совет до секој фудбалер е да не ја пропуштите можноста да играте за Реал Мадрид, тоа е посебен клуб кој знае како да освојува“, вели Серхио Рамос.

„Да, Хари Кејн е одличен фудбалер, но тој исто така е и одличен играч“.

„Тоа што сега треба да го направи Реал Мадрид е да донесе квалитетен напаѓач кој може да дава голови. Не секој може да игра за Реал Мадрид бидејќи таму има голем притисок и очекувања, па тоа треба да биде вистинскиот фудбалер“.

„Бензема допринесе многу за успех на Реал Мадрид и тој никогаш не може да биде заменет, тој е еден од оние посебни фудбалери во историјата на клубот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.