24фудбал

ПСЖ му дава отказ на Галтие, познат е и неговиот наследник

Кристоф Галтие наскоро и официјално ќе добие отказ од ПСЖ, клубот работи на ангажман на нов тренер, а како што стојат работите тоа ќе биде Јулијан Нагелсман.

Франција

Веднаш по завршувањето на сезоната, Галтие рече дека сака и смета дека заслужува и во наредната година да го води ПСЖ, но така не мисли и клубот.

Одлуката е донесена, Галтие добива отказ, а наскоро тоа и официјално ќе биде соопштено.

ПСЖ води преговори со Јулијан Нагелсман, тој е главен кандидат за наследник на Галтие. Доколку не се случи нешто непредвидено во текот на преговорите, тој ќе биде новиот тренер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.