Ла Лига конечно даде зелено светло за физибилити планот на Барселона, но „каталонците“ ќе мора да работат со правилото „40%“ и ова го компликува враќањето на Лео Меси.
Категорија: Шпанија 06.06.2023 16:27
Голем број на извори од Шпанија пренесуваат дкеа Ла Лига конечно дала зелено светло за физибилити планот на Барселона.
Прво што ќе направи клубот од Камп Ноу е да ги регистрира Гави, Араухо, Маркос Алонсо, Ињаки Пења и Серхи Роберто, а ќе се финализира и новиот договор на Балде.
Жоан Лапорта и неговите соработници исто така ќе достават конкретен предлог до Лео Меси (оредени извори пишуваат дека понудата ќе биде испратена веќе утре), но враќањето на Аргентинецот е прилично комплексно бидејќи Барса ќе треба да работи со рестрикции и правилото „40%“
Тоа значи дека од секои 10 милиони кои ќе бидат скратени/заштеден, само 4 милиони евра ќе можат да бидат потрошени.
Се шпекулира дека на продажба ќе одат играчи како Ансу Фати, Феран Торес и Франк Кеси, а на излезна врата дури може да се најде и играчи како Рафиња и Ерик Гарсија (доколку пристигнат добри понуди).
Со оглед на тоа што Лео Меси нема долго да ја чека Барселона, Матеу Алемани ќе треба што поскоро да ги реализира овие трансфери и да отвори простор во буџетот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.