24фудбал

Бензема: Тешко е, навистина боли, мислев дека ќе се пензионирам во Реал Мадрид, но...

Легендата на Реал Мадрид, Карим Бензема со големи емоции се збогува од кралскиот клуб, вели дека одлуката која ја донел за заминување во Саудиска Арабија, била исклучително тешка.

Шпанија

Бензема реши да ги прифати милионите од Катар, наместо да ја заврши кериерата во Реал Мадрид. Напаѓачот остави огромен траг во шпанскиот гигант, па неговото збогување не беше нималку лесно.

„Тешко ми е да зборувам со толку многу емоции, но сакам да се заблагодарам на Реал Мадрид и моите соиграчи. Ова беше добар пат во мојот живот. Имав среќа што го исполнив детскиот сон“, вели Бензема.

„Никогаш нема да го заборавам Реал Мадрид. Невозможно е, тоа е најдобриот клуб во историјата. Но мислам дека денеска е време да заминам и да почнам нова приказна“.

„Сакав да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, но понекогаш животот ви дава и друга шанса. Многу беше тешко да се донесе одлуката, тоа го направив со моето семејство“.

„Навистина боли, не е лесно, навистина сакав да се пензионирам тука. Јас сум тој што сум поради овој клуб. Секогаш ќе ги гледам натпреварите на Реал Мадрид“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.