Според пишувањата на Марка, Еден Азар размислува да стави крај на кариерата и покрај тоа што има само 32 години, преселба во МЛС лигата исто така е опција.
Категорија: Шпанија 06.06.2023 10:42
Еден Азар стана најскапото засилување во историјата на Реал кога во 2019 се пресели на „Бернабеу“ но во Мадрид никогаш не ја покажа формата од Челси и имаше само епизодна улога.
Минатата недела Реал Мадрид реши да му плати на Еден Азар за да си оди и беше раскината последната година од договорот.
Според Марка, авантурата на Еден Азар во белиот дрес може да биде последна, фудбалерот од Белгија размислува да стави крај на кариерата и да оди во пензија иако има само 32 години.
Преселба во МЛС лигата исто така е опција, екипата на Ванкувер пројавува интерес за услугите на Еден Азар.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.