24фудбал

Хаос во Милан предизвикан од заминувањето на Малдини, Тео Ернандез сака да си оди

Голем дел од фудбалерите на Милан се шокирани и лути поради тоа што Паоло Малдини и Рики Масара добија откази од раководството на клубот, како најгневни се посочуваат Тео Ернандез, Рафаел Леао и Мајк Мањан.

Италија

Наводно Тео Ернандез сака да си замине од клубот, според многумина тој е најдобриот лев бек во светот и досега на Сан Сиро беше поради љубовта кон Милан и целата приказна која ја креираше Малдини.

Бркањето на Малдини е удар по идеалите на клубот, бркањето на легендата ја менува атмосферата, па во Италија пишуваат дека Ернандез веднаш посакал да си замине.

Рафаел Леао пред неколку дена стави потпис на новиот договор, а се верува дека доколку Малдини не бил, фудбалерот немало да ја продолжи соработката туку ќе прифател некоја понуда надвор од Италија каде му нуделе и поголема плата.

Еден од најразочараните е и голманот Мајк Мањан кој исто така размислува за заминување.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.