Поранешниот играч и тренер на Шкупи, Ардијан Нухиу стави потпис на двегодишен договор со Шкендија, тој е наследник на Ќатип Османи кој си отиде по крајот од сезоната.
Категорија: Македонија 05.06.2023 18:25
Нухиу се враќа во македонскиот фудбал, во изминатите шест месеци тој беше без работа по разделбата со Дрита од Косово.
„Мило ми е што сум тука. Подготвен сум за новиот предизвик, ќе создадеме моќен тим за предизвиците во Европа, а потоа со иста енергија ќе влеземе и во првенството“, кажа Нухиу.
Нухиу имаше богата фудбалска кариера, која ја заврши во 2016 година во Шкупи, каде што потоа работеше две години како тренер, а потоа ја предводеше екипата на косовска Дрита.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.