24фудбал

Трансферот е договорен, Мекалистер ќе биде нов фудбалер на Ливерпул

Веќе нема дилеми, Фабрицио Романо потврди дека Алексис Мекалистер во Ливерпул е завршена работа, остануваат формалности за трансферот да биде комплетиран.

Англија

Мекалистер се договорил со Ливерпул, ќе стави потпис на договор со трајност до јуни 2028 година.

Ливерпул во наредните денови ќе ја плати откупната клаузула која е помала од 60 милиони фунти, сума за која претходно се пишуваше.

Утре, евентуално задутре ќе бидат направени медицинските тестови. Трансферот треба официјално да биде објавен оваа недела.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.