24фудбал

Бензема даде гол и доби стоечки овации, Французинот се прости од „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид одигра 1-1 против Атлетик Билбао во последнoто коло во Ла Лига оваа сезона, Карим Бензема со гол и стоечки овации се прости од „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанија

Реал Мадрид сезоната ќе ја заврши како вицешампион откако одигра 1-1 против Атлетик Билбао, а Виљареал во последните мигови се избори за 2-2 против Атлетико Мадрид.

По пет минути игра во второто полувреме, Сансет погоди за 0-1 и предност на гостите, но Карим Бензема од пенал во 72. минута постигна гол во својот последен натпревар во белиот дрес.

Французинот потоа беше заменет и доби стоечки овации од публиката на „Сантијаго Бернабеу“ која се прости од својот миленик. По 14 сезони во Реал Мадрид, напаѓачот заминува и ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.