24фудбал

Кејн е прва желба за замена на Бензема но Реал наскоро ќе ангажира друг напаѓач?!

Хари Кејн од Тотнем се посочува како прва желба на Реал Мадрид за замена на Карим Бензема, но од Германија пристигнува информација дека многу наскоро ќе се реализира трансфер на Каи Хаверц.

Шпанија

„Кралевите“ денеска потврдија дека Карим Бензема заминува, напаѓачот требаше да продолжи уште една сезона на „Бернабеу“ но доби предлог од Саудиска Арабија кој не се одбива, па стави крај на авантурата во Мадрид.

Веднаш почнаа да кружат гласини за неговиот наследник и се верува дека Хари Кејн од Тотнем е прва желба.

На листата се наоѓа и Каи Хаверц од Челси и според пишувањата на Билд, многу наскоро ќе се реализира трансферот на Германецот. Весникот не открива детали, само објави за „мега зделка“ и додава дека играчот бил по мерак и на Карло Анчелоти и на Флорентино Перез.

Не се исклучува можноста Реал Мадрид ова лето да ги ангажира и двјцата, односно Анчелоти на располагање во нападот да ги има и Хари Кејн и Каи Хаверц.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.