24фудбал

ПСЖ го договори Асенсио и достави предлог за уште еден фудбалер под капата на Жорж Мендеш

Неколку извори пренесуваат дека преселбата на Марко Асенсио во ПСЖ е завршена работа но „светците“ продолжуваат да преговараат со агентот Жорж Мендеш за трансфер на Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Франција

Марко Асенсио ќе ја продолжи кариерата на „Паркот на принцовите“, попладнево неколку извори објавија дека Шпанецот има вербален договор со ПСЖ за соработка до јуни 2027 година и ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона.

Ви исто време, „светците“ продолжуваат да преговараат со Жорж Мендеш и се обидуваат да ангажираат уште еден фудбалер под капата на познатиот агент.

Новинарот Санти Ауна пренесе дека Луис Кампос работи на трансферот на Бернардо Силва, веќе е доставен предлог до Португалецот а во следните денови ќе биде испратена и понуда до Манчестер Сити.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.