24фудбал

Лајпциг го победи Ајнтрахт и го одбрани трофејот од Купот на Германија (ВИДЕО)

Само една година по првиот историски трофеј за Лајпциг во германскиот куп, овој тим повторно се радува на истиот пехар, овојпат до него стигнаа откако го совладаа Ајнтрахт со 2-0 во големото финале.

Германија

Третото финале по ред на Лајпциг за втор трофеј по ред го обезбедија „биковите“ во последните 20 минути откако Кристофер Нкунку беше јунак со гол и асистенција за нов пехар.

Нкунку погоди во 71-та минута за да ја најави победата после асистенцијата на Дани Олмо, а потоа францускиот напаѓач му асистираше на Унгарецот, Доминик Шобошлај за да ја завери победата на пет минути пред крајот на мечот.

РБ Лајпциг има два трофеи од четири финалиња во последните пет години, додека Ајнтрахт го загуби четвртото финале од вкупно деветте во историјата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.