24фудбал

Сити доминира во Манчестер, победа над градскиот ривал за освојување на ФА Купот! (ВИДЕО)

Манчестер Сити го освои ФА Купот откако во финалето со два гола на Илкај Гундоган го победи соседот Манчестер јунајтед со 2-1 и ја завери двојната круна.

Англија

Мечот имаше луд почеток, уште во 13. секунда од натпреварот Гундоган постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0. Тоа беше најбрзиот гол во историјата на финалињата од ФА Купот.

Во 33. минута Бруно Фернандеш од пенал го изедначи резултатот на 1-1.

Јунајтед преку Варан имаше голема шанса да го сврти мечот пред крајот на првото полувреме, но не успеа.

По шест минути игра Гундоган постигна уште еден гол, овојпат за 2-1 што беше и конечен резултат.

Манчестер Сити ја завери двојната круна, а доколку го победи Интер во финалето од Лигата на шампионите ќе дојде и до тројна.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.