Кралскиот клуб ова лето на шопинг по напаѓач ќе оди во Премиерлигата, се поврзува со Хари Кејн, Боби Фирмино и Каи Хаверц, играчот на Тотнем е приоритетен избор.
Категорија: Шпанија 03.06.2023 10:58
Без разлика дали Бензема ќе остане или ќе замине во Саудиска Арабија, Реал Мадрид ова лето ќе купи најмалку еден напаѓач.
Карло Анчелоти посакал тоа да биде Хари Кејн, а Флорентино Перез ќе се обиде да му ја исполни желбата.
Актуелниот договор на Кејн со Тотнем истекува на 30 јуни 2024 година, тој нема намера да потпише нов, а Даниел Леви ако сака да заработи на неговото заминување ќе мора да го продаде ова лето.
За Леви побезболна варијанта е да го продаде на клуб надвор од Англија, па Реал Мадрид би можел да биде дестинацијата.
Покрај со Кејн, Реал Мадрид се поврзува и со Фирмино кој на Сантијаго Бернабеу може да пристигне како слободен играч, но и со Каи Хаверц за кого Челси ќе бара високо обесштетување.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.