24фудбал

И Серхио Рамос ќе „сркне“ од богатството на шеиците од Саудиска Арабија

Серхио Рамос денеска го игра последниот натпревар за ПСЖ, во следната сезона ќе има нов клуб, најголема е веројатноста тоа да биде тим од Саудиска Арабија.

Франција

Рамос и ПСЖ синоќа соопштија дека ќе се разделат, денешниот натпревар против Клермон е последен за Шпанецот во овој тим.

Информациите велат дека неколку клубови од Саудиска Арабија веќе имаат богати понуди за Рамос и голема е веројатноста таму да биде неговата следна дестинација.

Откако минатото лето потпишаа со Роналдо, Саудијците сега сакаат да ја збогатат лигата со уште неколку големи фудбалски ѕвезди, покрај Рамос, понуди имаат и Бензема и Меси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.