24фудбал

Официјално: И Рамос заминува од ПСЖ

Серхио Рамос потврди дека донел одлука да си замине од ПСЖ по крајот на оваа сезона, утре ќе го одигра последниот натпревар за францускиот клуб.

Франција

ПСЖ ќе остане без уште една ѕвезда, покрај Меси, сигурно заминува и Серхио Рамос.

„Утре ќе кажам збогум на уште едно поглавје во мојот живот, тоа е довидување на ПСЖ“, потврди Рамос.

Рамос како слободен фудбалер ќе може да потпише за друг клуб. Уште е непознато дали ќе остане во Европа или ќе замине на истокот, евентуално во САД.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.