24фудбал

Официјално: Рафаел Леао потпиша нов договор со Милан

Португалската ѕвезда, Рафаел Леао стави потпис на нов петгодишен договор со Милан.

Италија

Тоа што беше најавено, сега е и официјално потврдено од страна на Милан, Леао потпиша нов договор со росонерите. Според него тој ќе остане на Сан Сиро до јуни 2028 година.

„Многу сум среќен. Ова е нешто што го сакав и сега е завршена работа“, вели Леао.

„Се надевам дека заедно ќе направиме големи работи во иднина. Сега фокусот ни е натпреварот со Верона а потоа следната година сакаме да постигнеме многу важни работи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.