24фудбал

Ибрахимовиќ: Монца има подготвено договор за мене, но...

И покрај возраста и се почестите повреди, Златан Ибрахимовиќ нема намера да се пензионира по крајот на сезоната, вели дека Милан му останува приоритет.

Италија

Договорот на Ибрахимовиќ со Милан истекува по крајот на оваа сезона и неизвесно е дали ќе добие нов.

Интерес за него има од Монца, но Ибра вели дека приоритет му е Милан.

„Монца ми рече дека имаат подготвено договор за мене. Но, јас сум фудбалер на Милан и горд сум на тоа. Не мислам дека ќе се пензионирам по крајот од сезоната. Но треба да најдам добар баланс“, вели Ибрахимовиќ.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.