24фудбал

Нотингем го отпушти Лингард кој им беше најплатен фудбалер!

Лингард во Нотингем форест пристигна минатото лето како огромно засилување, но во 17 настапи во Премиерлигата не успеа да даде ниту еден гол, ниту пак да направи асистенција.

Англија

Со 115.000 фунти неделно, Лингард беше најплатениот фудбалер на Нотингем форест, но љубовта меѓу двете страни траеше само една сезона.

Откако не го убеди клубот дека ги заслужува парите и се покажа како тотално разочарување, Нотингем форест реши да го отпушти фудбалерот.

Џеси Лингард сега е слободен играч и може без обесштетување да потпише за друг клуб.

Нотингем форест покрај Лингард ги отпушти и Андре Ајев, Кафу, Џек Колбек, Џордан Смит и Лили Тејлор, додека Кејлор Навас, Дин Хендерсон и Ренан Лоди се вратија во своите клубови од каде беа позајмени.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.