24фудбал

Сем Алардајс по само четири натпревари се раздели со Лидс

Четири натпревари траеше соработката меѓу Сем Алардајс и Лидс, откако не успеа да го спаси тимот од испаѓање, заминува од клубот.

Англија

Сем Алардајс го напушти Лидс откако не успеа да го спаси од испаѓање од Премиерлигата. Тој го водеше тимот само четири натпревари во кои запиша три порази и имаше едно реми.

Клубот ја соопшти разделбата и кажа дека наскоро ќе го објави името на новиот тренер.

Инаку ова не е најкраткиот престој за Сем Алардајс на едно место, тој беше селектор на Англија само на еден натпревар, кога поради скандал беше отпуштен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.