Тренерот на Барселона, Чави Ернандез открива дека Лео Меси во текот на следната недела ќе одлучи кој ќе биде неговиот следен клуб во кариерата.
Категорија: Шпанија 02.06.2023 10:51
Лео Меси се двоуми дали да се врати во Барселона или да ја прифати рекордната понуда од Саудиска Арабија.
Чави вели дека Меси следната недела ќе одлучи што ќе направи.
„Лео Меси следната недела ќе одлучи за својата иднина. Јас сакам тој да ни се приклучи“, вели Чави.
„Тој знае дека ние сме подготвени да го прифатиме, ништо не се променило, имаме шанси тој да дојде. Го сакаме Лео тука. Нека одлучи. Подготвен сум да го вклопам во нашиот систем“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.