24фудбал

Бербатов: Идол ми беше Дарко Панчев!

Бугарската фудбалска легенда, Димитар Бербатов открива дека негов идол од минатото бил нашиот Дарко Панчев.

Македонија

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, легендарниот Бербатов откри дека негов идол од детството бил Дарко Панчев.

„Ако треба да се вратам во минатото, еден од моите омилени фудбалери за кои не сум зборувал многу, е – Дарко Панчев. Тој човек... Даваше голови на сите начини. Го обожував, го обожував начинот на кој тоа го прави да ги решета мрежите. Ц. Звезда во тоа време имаше неверојатен тим, но тој... Можеби и поради името, го сакав неговото име како одекнува: Дарко Панчев! Тој ми беше најомилен“, рече Бербатов.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.