24фудбал

Галтие потврди дека Меси заминува и ги нападна критичарите: Со 35 години има 21 погодок и 20 асистенции...

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие соопшти дека Лео Меси го напушта Париз по крајот на сезоната и порача дека критиките кои ги добива Аргентинецот не се оправдани.

Франција

Кристоф Галтие го потврди она што се пишуваше во последните месеци, Лео Меси ја завршува авантурата во Париз, напаѓачот заминнува од ПСЖ по две сезони.

„Ми беше привилегија и чест да го тренирам најдобриот фудбалер во историјата. Во сабота е неговиот последен натпревар на „Паркот на принцовите“, се надевам ќе биде топло поздравен“ - рече тренерот на ПСЖ на денешната прес конференција.

Лео Меси често добива критики за малиот успехот кој го постигна во Париз, но Кристоф Галтие смета дека замерките не се на место.

„Оваа сезона беше Меси важен дел од тимот, секогаш беше на располагање. Мислам дека коментарите и критиките не се оправдани“.

„Со 35 години, кога во сред сезона имате Светско првенство, тој има 21 погодок и 20 асистенции... Лео беше одлучувачки 41 пат оваа сезона“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.