24фудбал

Милевски го објави списокот, без Миовски, со еден дебитант против Украина и Англија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски објави список со 29 фудбалери за престојните квалификациски натпревари против Украина и Англија.

Македонија

Пред Македонија се два квалификациски меча за ЕП 2024, на 16. јуни во Скопје ја пречекуваме Украина, а на 19. јуни гостуваме кај Англија.

Селекторот Милевски денеска го објави списокот, тој нема да може да смета на нашиот најдобар напаѓач, Бојан Миовски кој се повреди во претпоследното коло од шкотското првенство.

На списокот има еден дебитант, тоа е Сефер Емини од данскиот клуб Сондерјиске. 

Поради слаба минутажа не се повикани Кире Ристевски, Стефан Спировски и Бобан Николов.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.