24фудбал

Сол на раната: Манчестер јунајтед му плаќа 10 милиони фунти на Мегваер за да си оди

Ерик тен Хаг не смета на Хари Мегваер, дефанзивецот треба да си пронајде нов клуб а како дополнителен мотив, Манчестер јунајтед му нуди 10 милиони фунти за летоска да го напушти Олд Трафорд.

Англија

Манчестер јунајтед во 2019 го ангажираше Хари Мегваер од Лестер во зделка вредна околу 80 милиони фунти, рекордна сума за еден дефанзивец.

Но Англичанецот не ги оправда очекувањата и се покажа како големо трансфер промашување.

Ерик тен Хаг не смета на Хари Мегваер, тој е зад Рафаел Варан, Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф во изборот, дури и Лук Шо често играше принудно како централен дефанзивец.

Па Хари Мегваер треба да си најде нов клуб и како дополнителен мотив, Манчестер јунајтед му нуди 10 милиони фунти за летоска да го напушти Олд Трафорд.

Англичанецот има неделна плата од 190.000 фунти, тешко дека на друго место ќе заработува толку, па „ѓаволите“ сакаат делумно да го компензираат со цел да издејствуваат трансфер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.