24фудбал

Академија Пандев станува Брера и ќе биде столбот на италијанските инвеститори

Пред нешто повќее од еден месеци, „Брера Холдингс“ за 600.000 евра купи 90 отсто од акциите на Академија Пандев, клубот наскоро и официјално ќе се вика Брера Струмица.

Македонија

Брера Струмица треба да биде главната база на новите газди за продажба на фудбалери во Европа. Амбицијата е во следната сезона пласман на едно од првите три места на табелата и излез во Европа.

„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа ние правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, рече Серџо Скалпели, извршниот директор на „Брера Холдингс“.

Во наредниот период струмичкиот клуб треба да ја објави новата раководна структура, новиот тренер како и новите засилувања кои ќе треба да го подигнат клубот на повисоко ниво.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.