24фудбал

Министерот за спорт на Саудиска Арабија: Меси и Бензема? Да почекаме клубовите официјално да објават

Можно е ова лето во Саудиска Арабија да се преселат уште две мега ѕвезди, големи понуди имаат Лионел Меси и Карим Бензема.

Останато

Меси се двоуми дали да се врати во Барселона или да ја прифати рекордната понуда од Саудиска Арабија. Слична е ситуацијата и со Бензема кој на маса има две понуди, една од Реал Мадрид за продолжување на договорот, а друга од саудиски клуб, многу побогата.

Министерот за спорт на Саудиска Арабија, Абудл Азиз беше запрашан за можноста Меси и Бензема да пристигнат во тамошната лига. 

„Да почекаме додека клубовите објават официјално“, беше краткиот одговор на министерот за спорт на Саудиска Арабија.

Се верува дека барем еден од двајцата ќе ја прифати големата понуда.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.