24фудбал

Мурињо на паркинг му се пушти на судијата Тејлор: Ти си е*ан срам! (ВИДЕО)

Жозе Мурињо имаше замерки за неизедначениот критериум на англискиот судија Ентони Тејлор во финалето од Лига Европа, а на паркингот на стадионот во Будимпешта, не се штедеше да му каже што мисли за него.

Лига Европа

Мурињо смета дека Тејлор како од шала делеше жолти картони за фудбалерите на Рома и тоа уште од самиот старт на мечот, додека многу потешко вадеше опомени за играчите на Севиља.

По завршувањето на сите церемонии по мечот, на паркингот од стадионот, Мурињо го чекаше Тејлор и му се пушти велејќи дека имал срамно судење.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.