24фудбал

Мурињо го подари медалот на фан: Не ги сакам сребрените медали! (ВИДЕО)

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го подари сребрениот медал на млад фан, Португалецот вели дека не сака да ги собира сребрените медали.

Лига Европа

Мурињо синоќа го загуби своето прво европско финале откако Рома на пенали беше поразена од Севиља.

Брзо откако го доби сребрениот медал, Мурињо му го даде на едно момче во публиката.

„Златните медали ги чувам, но сребрените не ги собирам, не ги сакам и секогаш ги подарувам. Така беше и сега“, рече Мурињо.

Португалецот често знае да го прави тоа, а во минатото дури и златни медали подарувал во публиката, без разлика што вели дека нив ги чува.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.