24фудбал

Мурињо: Никогаш не сум бил погорд, момците дадоа апсолутно сѐ

Жозе Мурињо вели дека е горд на своите фудбалери и покрај тоа што го загубија финалето во Лига Европа од Севиља.

Лига Европа

Рома синоќа на пенали загуби од Севиља, тоа за Жозе Мурињо беше прв пораз во европско финале.

„Тоа што го реков претходно беше или ќе си заминеме од тука со овој трофеј или ќе си заминеме мртви. Па, ние сме мртви. Мртви уморни физички, мртви уморни ментално, мртви бидејќи сметаме дека ова е неправеден пораз со многи инциденти кој се дискутабилни“, вели Мурињо.

„Ние сме мртви уморни, но горди. Отсекогаш велев дека можеш да загубиш фудбалски меч, но не и вашето достоинство и професионализам. Јас имам победено пет европски финалиња, го загубив ова, но дома се враќам погорд од било кога. Момците дадоа апсолутно се оваа сезона“.

Дибала не можеше да престане да плаче по загубеното финале, тој беше стартер, го даде голот, но издржа само 67 минути на теренот, тогаш мораше да биде заменет.

„Ние се грижиме за овој дрес, се грижиме за нашата природа, ги сфаќаме работите сериозно, работиме смирено и даваме се што имаме. Секој од нас реагира на различен начин, нкој плаче, некој не, но вистината е дека сите ние сме многу тажни. Се враќаме мртви уморни, мртви со чувство на неправда“.

„Тоа беше интензивна, машка, енергична игра со судија кој изгледаше како да е Шпанец. Жолт, жолт, жолт цело време. Неправдата се гледа од фактот што Ламела требаше да добие втор жолт картон, а не доби, потоа даде и гол од пенал“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.