24фудбал

Мурињо 20 години нема примено гол во европско финале!

Звучи неверојатно, но Жозе Мурињо пред точно 20 години го прими последниот гол во европско финале, стрелец беше Хенрик Ларсон во дресот на Селтик.

Останато

Жозе Мурињо досега играл пет европски финалиња, победил на сите, а голови има примено само на едно, на првото.

Тоа се случило во 2003 година кога во тогаш Купот на УЕФА, Мурињо со Порто го победи Селтик со 3-2. Хенрик Ларсон беше стрелец на двата гола за шкотскиот тим.

Ототгаш Мурињо одигра уште четири финалиња и во тие 360 минути нема примено ниту еден гол.

Во 2004 година во Лигата на шампионите со Порто го победи Монако со 3-0.

Во 2010 година ја освои Лигата на шампионите со Интер, тогаш во финалето го совлада Баерн Минхен со 2-0.

Во 2017 година со Манчестер јунајтед триумфираше во Лига Европа, тогаш тимот на Португалецот беше подобар од Ајакс со 2-0.

Минатата година со Рома триумфираше во Конференциската лига победувајќи го Феенорд во финалето со 1-0.

Пет финалиња за Мурињо, пет победи, со гол разлика 11-2. 

За да ја продолжи перфектната серија, Португалецот вечерва мора да го најде лекот за Севиља кој никој претходно не го нашол, тимот од Андалузија има шест од шест во Лига Европа.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.