24фудбал

Само еден ќе остане перфектен - Севиља или Жозе Мурињо!

Вечерва со почеток од 21 часот во Будимпешта се игра финалето во Лига Европа меѓу Севиља и Рома, клубот од Андалузија никогаш не загубил финале во ова натпреварување, но досега перфектен е и Жозе Мурињо.

Лига Европа

Вечерва една неверојатна низа ќе биде прекината, прашањето е дали тоа ќе биде серијата на Севиља која е беспрекорна во Лига Европа или таа на Жозе Мурињо кој нема загубено европско финале.

Севиља има шест победи од шест финалиња во Лига Европа, Жозе Мурињо има пет триумфа од исто толку европски финалиња, на една од овие две низи вечерва ќе ѝ дојде крајот.

Шпанскиот клуб европската сезона ја почна во Лигата на шампионите, по што се префрли во Лига Европа, на патот до финалето ги помина Манчестер јунајтед и Јувентус кои беа поголеми фаворити од нив. Но ова натпреварување е на Севиља, тука таа доминира.

Жозе Мурињо во својата втора сезона во Рома, на волчицата ѝ го носи второто европско финале по ред, по освојувањето на Конференциската лига, римскиот клуб е на прагот да дојде до уште поголем успех и да триумфира во Лига Европа.

„Историјата не игра, нашиот противник мисли поинаку. Тие мислат дека се фаворити бидејќи историјата така вели, го почитуваме тоа. Но ние заслужено сме во финалето. За нив е речиси нормално да играат во финале од Лига Европа, за нас е нешто исклучително. За фановите на Севиља, играњето во европско финале е како играње во Шпанија, за нас е нешто историско“, рече Жозе Мурињо пред денешниот меч.

Тренерот на Севиља, Хозе Луис Мендилибар, смета дека историјата тежи, а тоа го докажуваат трофеите во нивниот кабинет.

„Историјата не лаже, во изминатите 20 години Севиља е најдобра во ова натпреварување. Трофеите во трофеј кабинетот го потврдуваат тоа. Луѓето не се задоволни само со добар перфроманс, тие сакаат да се освои Лига Европа. Игравме добро до финалето, сега играме против поинаков тим и уверен сум дека ќе одиграме добро“, вели Мендилибар.

Влогот не е само трофејот од натпреварувањето, победникот ќе добие и пласман во Лигата на шампионите, ниту Севиља, ниту Рома не успеаа тоа да го направат преку домашните првенства.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.