24фудбал

Официјално: Седлоски доби отказ од Влазнија!

Влазнија и официјално му врачи отказ на Гоце Седлоски и покрај тоа што македонскиот стратег успеа да им обезбеди место во Европа за следната сезона.

Македонија

Околу два месеци траеше авантурата на Гоце Седлоски во Албанија, Влазнија ја потврди разделбата со Македонецот.

„Фудбалскиот клуб Влазнија информира дека договорот со тренерот Гоце Седлоски е завршен. Му благодариме за завршената работа за време на овој период со нашиот тим, клубот му посакува многу успех во иднина“, стои во краткото соопштение на клубот.

Влазнија во договорот со Седлоски имаше клаузула според која можеа да ја прекинат соработката, тие го направија тоа сметајќи дека тој не е вистинскиот тренер за нив.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.