Арсенал сака да го задржи Вилијам Салиба и му нуди три пати поголема плата, но Французинот бара многу повеќе за да остане верен на клубот од Северен Лондон.
Категорија: Англија 31.05.2023 11:23
Арсенал го купи Вилијам Салиба летото во 2019 година, но три сезони го испраќаше на позајмица во Лига 1. Оваа сезона тој доби шанса да покаже што умее на „Емирати“ и за кратко време се наметна како незаменлива алка во дефанзивата на „топчиите“.
Неговиот договор е до јуни 2024 и Арсенал се обидува да ја продолжи соработката, му нуди три пати поголема плата, односно 120.000 фунти неделно.
Но како што пренесуваат медиумите од „островото“, оваа бројка е далеку од она што Вилијам Салиба го побарал, Французинот го шокирал Арсенал со своите барања.
„Топчиите“ сега стравуваат дека летоска ќе треба да го продадат дефанзивецот и се сомневаат дека зад случувањата стои ПСЖ, клубот од Париз му ветува многу пари за преселба на „Паркот на принцовите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.