24фудбал

Супер-агентот Мендеш најави големи трансфери ова лето

Најголемиот фудбалски агент, Жорж Мендеш рече дека ова лето ќе се случат големи трансфери, но не кажа конкретно за кои станува збор.

Останато

Според зборовите на човекот кој ги прави дел од најголемите трансфери, ќе имаме интересен преоден рок.

„Сигурен сум дека многу важни трансфери и договори ќе се случат ова лето“, вели Мендеш на прашањето за неговите клиенти во овој преоден рок.

„Не можам да откривам кои, без разлика што за некои од нив веќе се пишува“.

Дел од клиентите на Мендеш се Бернардо Силва, Рубен Диаш, Дарвин Нуњез, Жоао Кансело, Жоао Феликс, Рубен Невес, Марко Асенсио..., клиент му е и Жозе Мурињо.

Се случува Мендеш да посредува и при трансфери во кои нема негов клиент.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.