Победници од денешните три бараж средби за Втората лига се Вардар Неготино, Башкими и Тетекс, уште двајца од поразените Влазрими, Новаци и Осогово ќе бидат дел од тоа друштво, за нив ќе се одлучува со ждрепка.
Категорија: Македонија 28.05.2023 19:33
Најинтересно беше во Кичево каде играа Вардар Неготино и Новаци. Тимот на Новаци долго водеше со 1-0, но Вардар изедначи со гол во самиот финиш, а потоа беше подобар во пенал рулетот со 3-2.
Најубедлив беше второлигашот Тетекс кој со 6-1 го прегази Осогово на стадионот во Маџари и си го сочува местото во Втората лига.
Во Втората лига се враќа Башкими кој со убедливи 3-0 го совлада Влазрими во Тетово.
Поразените Новаци, Осогово и Влазрими ќе ја чекаат ждрепката за да дознаат кои два тима од нив ќе се пласираат во Втора лига, а кој ќе биде тој со најмалку среќа да остане во третата лига.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.