24фудбал

Салихамиџиќ доби отказ додека се радуваше на титулата на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен во исклучително драматично последно коло од Бундеслигата ја освои 11. шампионска титула по ред, веднаш по мечот клубот соопшти дека Кан и Салихамиџиќ добиваат отказ.

Германија

Извршниот директор на Баерн, Оливер Кан и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ синоќа добија откази.

Веројатно на Кан му било соопштено порано, па тој воопшто и не беше во Келн на мечот на Баерн Минхен, но таму беше Салихамиџиќ кој се радуваше на успехот.

Сепак за време на прославата на теренот, камерите забележаа расправија меѓу претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер и Хасан Салихамиџиќ. Се верува дека токму во тој момент му било соопштено на Босанецот дека добива отказ.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.