24фудбал

Прославија влез во Втора Бундеслига, па паднаа во тежок очај! (ВИДЕО)

Денеска во третата германска лига имаше уште поголема драма од онаа која се случуваше во Бундеслигата, во центарот на вниманието беше клубот Вехен.

Германија

Вехен победи со 1-0 против Халешер и во тие моменти се чинеше дека се пласира во втората Бундеслига. Навивачите влегоа на терен и почнаа да слават заедно со своите фудбалери.

Но, во тие моменти Оснабрук направи комплетен пресврт на својот меч. До 93. минута губеа од вториот тим на Борусија Дортмунд, а со голови во 94. и 96. минута победија со 2-1. Тоа значеше дека тие одат во ранг погоре. 

Прераното славје на Вехен се претвори во големо разочарување. Но не е се загубено за овој тим, тие ќе играат бараж за влез во втората лига и ќе имаат шанса така да го направат успехот кој веќе го прославија.

Елверсберг и Оснабрук се тимовите кои изборија пласман во втората Бундеслига, Вехен ќе игра бараж.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.