24фудбал

Шокантно прво полувреме за Дортмунд, губат од Мајнц, а Баерн води во Келн!

На Борусија Дортмуна им треба победа во последното коло кое се игра во моментов, Мајнц изгледаше како идеален противник за тоа, но по првото полувреме милионерите губат и тоа со 2-0, Баерн Минхен води кај Келн.

Германија

Фановите на Борусија Дортмунд уште предвреме почнаа да ја слават титулата, но можат да доживеат огромно разочарување.

Дојдоа до момент кога во последното коло сами решаваат за титулата и тоа на домашен терен против тим кој пред овој меч имаше серија од четири порази по ред.

Но, во Дортмунд се случува вистински шок за домаќините, Мајнц со голови на Ханч-Олсен и Онисиво води со 2-0 по првото полувреме.

Але во 19. минута промаши пенал, ако погодеше ќе изедначеше на 1-1 и веројатно се ќе беше поинаку.

Резултатот во Дортмунд е идеален за Баерн Минхен кој со гол на Коман од осмата минута води кај Келн со 1-0 и во овој момент Баварците се на првото место на табелата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.