24фудбал

Сејдини: Визијата на ФФМ е Македонија да биде редовен учесник на големите натпреварувања

Денеска се одржа Редовно генерално собрание на Фудбалската Федерација на Македонија на кое оние кои го водат македонскиот фудбал се пофалија дека успешно го прават тоа и најавија нови проекти.

Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се пофали дека остварила добивка и заштедила 4,3 милиони евра (267.988.000 денари) од буџетот од 19 милиони евра (1.219.952.000 денари) колку што имале во ланската 2022 година.

На денешното Собрание присутни беа 60 делегати од вкупно 62, а Собранието верификуваше нови тројца во Мујадин Исмаили, Јовица Илиевски и Дритон Муслиу како нови делегати со мандад до 2025 година.

Без ниту еден воздржан, а уште помалку против за 55 минути Собранието ги мина сите точки на дневниот ред на кој беа изгласани финансискиот и ревизорски извештај за ланската 2022 година, како и боуџетот за оваа година кој веќе се користи и безмалку половина година е помината.

„Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж“, рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж“.

„За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија, но она што е важно да се нагласи е дека во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите и на нашиот тренинг центарот „Петар Милошевски““.

„Со Управниот одбор ќе ја донесеме најдобрата одлука и мислам дека во наредниот период ќе можеме и поконкретно да зборуваме за тоа. Поентата не е само да се фотографираме, туку да ги покажеме конкретните чекори кои ги преземаме. Преку стратешки и проектен пристап, се подобрува фудбалската инфраструктура насекаде низ државата, градиме и уредуваме нови и постоечки стадиони, трибини и услови за тренинг“.

„Наша обврска е да создадеме максимални услови за нашите фудбалери и стручниот штаб на сите репрезентативни селекции. Да се чувствуваат комотно во нивната работа и да бидат секогаш најдобри на теренот како што и го покажуваат тоа и постојано го докажуваат“.

„Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Успехот поставува нови стандарди на работа и професионалност, а тоа е и главна мотивација  за новите генерации што доаѓааат“.

„На стара слава не се живее, имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Нашата програма за работа е квалитетно осмислена и ја следи федерацијата во однос на целите и тоа што треба и што може да се направи. Во однос на тоа имаме голема поддршка и помош од УЕФА и ФИФА за што сме бескрајно благодарни“.

„Не бегаме од предизвиците кои се пред нас, напротив, подготвени сме и се радуваме на новите искушенија“. 

ФФМ доби пофалби и од претставниците на ФИФА и УЕФА.

„Сакам да ве поздравам во име на нашиот претседател Џани Инфантино и генералната секретарка Фатма Самура. Ова е шанса да ја посочам одличната соработка на ФФМ со ФИФА, рефлектирана во насока на развојот на фудбалот и заедничката работа ќе продолжи да носи бенефит за вашата убава земја. ФФМ успешно спроведува програми што ги нуди ФИФА, а посебно ФИФА Форвард - програмата и драго ми е што средствата се користат ефикасно, а најмногу за клучната компонента - инфраструктурата. ФИФА почна трет циклус со ФИФА Форвард и со нетрпение ја чекаме соработката, а немаме сомнеж дека средствата ќе се искористат ефикасно и паметно, сѐ со цел за развој на фудбалот. Честитки за посветеноста и напорната работа, а ФИФА ќе продолжи да ве поддржува“, рече претставникот на ФИФА, Елкан Мамадов.

„Европскиот фудбал се соочи со многу големи предизвици и во изминатата година, но покажавме солидарност и поддршка едни за други. Сплотеноста и солидарноста е клучот за надминување на сите потешкотии. Треба да продолжиме да го развиваме фудбалот, а со зголемениот обем на хет-трик програмата на УЕФА ние ќе продолжиме да го поддржуваме фудбалот и да инвестираме насекаде низ Европа. Фондот за хет-трик го зголемивме за 21 осто и сакам да посочам дека ќе продолжиме со успешните проекти, а многу сме среќни затоа што со ФФМ ќе продолжиме по истите патеки и во иднина. Фудбалот да го одржиме на ова атрактивно ниво. Вие ја имате нашата поддршка на тој пат“, рече претставникот на УЕФА, Денис Бастари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.