24фудбал

Луда работа: Илијадници фанови на Дортмунд уште рано изутрина се пред стадионот! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Мајнц почнува од 15:30 часот, но фановите на „милионерите“ уште од рано изутрина се пред стадионот.

Германија

Денеска се игра последното коло од Бундеслигата, Борусија Дортмунд со победа над Мајнц ќе стане шампион на Германија, па фановите се нетрпеливи да дојде почетокот на натпреварот.

Иако имаат билети со точни броеви на седиште и никој не може да им го земе местото, тие уште од рано изутрина се пред стадионот и чекаат да влезат.

Доколку го добие денешниот меч против Мајнц, Борусија Дортмунд ќе ја прекине доминацијата на Баерн Минхен кој десет години по ред е шампион на Германија. Милионерите последен пат го освоија првенството во сезоната 2011-12. За нив ова ќе биде деветти трофеј во Бундеслигата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.