24фудбал

Лацио порано бараше 150 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ, сега ќе го продадат петпати поевтино

Во изминатите години Клаудио Лотито не сакаше да слушне за продажба на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, па бараше 150 милиони евра за неговиот потпис, сега работите се променети.

Италија

Милинковиќ-Савиќ ја одби понудата за нов договор од Лацио, а сегашниот му истекува во 2024 година.

Според „Скај Италија“, Лотито е свесен дека нема да можат да добијат многу пари бидејќи Сринот ќе биде на само една година до слободен играч, па Лацио ја одредил цената од 30 до 35 милиони евра.

Тоа не е голема сума за 28-годишниот Милинковиќ-Савиќ па се очекува да има интерес од повеќе клубови.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.